Левит (3 Moj.) 6:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече уште на Мојсеја:

2. „Ако некој згреши и направи престап пред Господа, измамувајќи го својот ближен за нешто што му е доверено нему или за залог, а исто и со кражба или со исползување на својот ближен;

3. или, ако најде нешто загубено, па излаже и се заколне криво, во било кој и да е грев што човек може да го стори;

4. ако некој згреши така и стане виновен, тогаш она што го одзеде со кражба или што го придоби со искористување; или нештото што му беше доверено; или загинатата работа што ја нашол;

Левит (3 Moj.) 6