Левит (3 Moj.) 3:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Ако принесува јагне како дар, нека го принесе пред Господа.

8. Нека ја положи својата рака на главата на својата жртва и нека го заколе пред Шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови нека ги испрскаат со неговата крв сите четири страни на жртвеникот.

9. Од помирителната жртва нека Му принесат паленица на Господа: лојта, целата опашка слината до ‘рбетникот; лојот што ја обвиткува внатрешноста;

10. двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; па мрежичката од црните дробови: нека ја извади и неа со бубрезите.

11. Свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот - како храна на огнот за Господа.’

Левит (3 Moj.) 3