Левит (3 Moj.) 26:39-43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. А кој ќе преживее од вас, ќе венее во земјата на вашите непријатели заради своите беззаконија; ќе венеат и заради беззаконијата на своите татковци.’

40. ‘Тогаш ќе ги признаат своите беззаконија и беззаконијата на своите татковци што ги направија против Мене со престапите, зашто Ми се противеа.

41. И Јас требаше да им се спротивставам ним и да ги воведам во земјата на нивните непријатели. Тогаш, најпосле, ќе се понизи нивното закоравено срце и тогаш тие ќе трпат мака за своите беззаконија.

42. Тогаш Јас ќе се сетам за Мојот Завет со Јакова и за Мојот Завет со Исака, ќе си спомнам за Мојот Завет со Авраама - ќе си спомнам за земјата.

43. Земјата, оставена од нив, ќе ги задоволи своите саботи, кога ќе остане пуста заради нив. А тие ќе трпат заради своето беззаконие, зашто ги отфрлија Моите заповеди, зашто ги презреа Моите закони.

Левит (3 Moj.) 26