Левит (3 Moj.) 26:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ‘Не правете си идоли; не издигајте си ни кипови ни спомен-столбови; не ставајте во вашата земја камења со ликови, за да се клањате пред нив; зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.

2. Пазете ги моите саботи, и Светилиштето Мое да го почитувате. Јас Сум Господ.’

3. ‘Ако живеете според Моите закони, ако ги пазите Моите заповеди и ако ги спроведувате во дело,

4. ќе ви дадам дожд во право време, па земјата ќе раѓа род, а стеблата по полето ќе донесуваат плодови.

5. Вршењето ќе ви го достигнува гроздоберот, а бербата ќе го достигнува сеењето. Ќе јадете свој леб до наситка, и ќе живеете безопасно во вашата земја.

6. Ќе и дадам мир на земјата; така ќе почивате и никој не ќе ве плаши. Ќе ги отстранам штетните животни од земјата; меч нема да помине низ вашата земја.

7. Ќе ги терате во бегство вашите непријатели, а тие ќе паѓаат пред вас од меч.

Левит (3 Moj.) 26