Левит (3 Moj.) 23:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И во тек на седумте денови принесувајте Му жртви на Господа, а на седмиот ден пак нека биде свето собрание; не работите никаква работа.’”

9. Господ Му рече на Мојсеја:

10. „Кажи им на Израелците и речи им: ‘Кога ќе влезете во земјата, што ви ја давам, и кога ќе ја пожнеете во неа жетвата, донесете му го на свештеникот првиот сноп на својата жетва.

11. Тој нека го раздвижи снопот пред Господа, за да биде примен за вас; свештеникот нека го раздвижи утреден по саботата.

12. А во денот на раздвижувањето на снопот, принесете Му на Господа јагне годиначе, без недостаток како паленица.

Левит (3 Moj.) 23