Левит (3 Moj.) 23:23-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Господ му рече на Мојсеја:

24. „Кажи им на Израелевите синови и речи им: ‘Во седмиот месец, на првиот ден на месецот, нека ви биде потполн одмор, прогласен со звук на труби, свет собир.

25. Не работите никаква работа и принесете Му жртва на Господа.’”

26. Господ му рече на Мојсеја:

27. „Освен тоа, на десеттиот ден на тој месец се паѓа Денот на Очистувањето - имајте свето собрание; смирете ги вашите души и принесете Му жртва на Господа.

28. Никаква работа не работите во тој ден; зашто тоа е Ден на Очистување, за да ве очисти вас пред Господа, вашиот Бог.

Левит (3 Moj.) 23