18. Ако некој легне со жена во време на нејзиниот месечен ред и ја открил нејзината голота, го разголил изворот на нејзината крв и таа сама го открила течењето на својата крв; обата нека бидат истребени од својот народ.
19. Не откривај ја голотата на сестрата на мајка си ниту на сестрата на татка си - тоа е откривање на голотата на својот род; тие нека го понесат своето беззаконие.
20. Кој ќе легне со својата стрина, би ја открил голотата на стрина си. Нека ги сносат последиците на својот грев: нека умрат без пород.
21. Ако некој би се оженил со жената на брата си - би ја открил голотата на брата си; тоа е нечисто: нека останат бездетни.’
22. ‘Затоа пазете ги Моите закони, сите Мои заповеди, и исполнувајте ги, за да не ве изблува од себе земјата, во која што ве водам за да се населите во неа.