9. Свештеникот нека оддели дел од лебниот принос, за спомен, па нека го изгори на жртвеник: како жртва паленица на Господа за пријатен мирис!
10. А остатоците од лебниот принос за Арона и за неговите синови - тоа е најсветото од Господовите жртви.’
11. ’Никаков лебен принос, што ќе му го принесуваш на Господа, да не биде правен со квас, зашто не смееш да гориш ни квас ни мед како жртва паленица за Господа.