Левит (3 Moj.) 18:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Јас Сум Господ, ваш Бог.

3. Не правете како што се прави во Египетската Земја, каде престојувавте; ниту правете како што се прави во Ханаанската Земја, каде ве водам; не поведувајте се по нивните обичаи!

4. Исполнувајте ги Моите закони; исполнувајте ги Моите заповеди; одете според нив. Јас Сум Господ, ваш Бог.

5. Затоа, пазете ги Моите закони и Моите наредби: кој ќе ги исполнува, ќе биде жив. Јас Сум Господ!’

6. ‘Никој од вас нека не и се доближува на крвна роднина, за да ја открие нејзината голота. Јас Сум Господ!

Левит (3 Moj.) 18