Левит (3 Moj.) 1:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. ‘Ако сака да Му принесе на Господа птици како паленица, тогаш нека принесе грлица или гулапче.

15. Свештеникот нека ја принесе кон жртвеникот и, откако ќе и го свитка вратот, нека ја скине главата и ја изгори на жртвеникот, а крвта нека ја исцеди отстрана на жртвеникот.

16. Нека и ги отстрани вратот и перјата и нека ги фрли на источната страна на жртвеникот, во местото за пепелта.

17. Нека ја расече во должина на двете крила, но нека не ги одделува: и свештеникот нека ја изгори на жртвеникот, врз дрвата што се во огнот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’

Левит (3 Moj.) 1