Колошаните 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Павле, апостол на Исуса Христа преку Божјата волја и братот Тимотеј,

2. до светите и верни браќа во Христа, во Колос: благодат вам и мир од Бог нашиот Татко.

3. Му благодариме на Бог, и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, молејќи се секогаш за вас,

4. зашто чувме за вашата вера во Христа Исуса и за љубовта, која ја имате кон сите свети,

Колошаните 1