Јуда 1:22-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. И кон едните, кои се сомневаат, бидете милостиви;

23. а другите спасувајте ги, истргнувајќи ги од оган; кон другите пак бидете милостиви со страв, мразејќи ја и облеката онечистена од телото.

24. А на Оној, Кој може да ве запази од сопнување и да ве постави непорочни во радосно воскликнување пред Својата слава,

25. на Единствениот Бог, нашиот Спасител преку Исуса Христа нашиот Господ - слава, величие, сила и власт пред секое време и сега и во сите векови. Амин!

Јуда 1