Јован 8:47-51 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

47. Кој е од Бога, ги слуша Божјите зборови; затоа вие не ги слушате, зашто не сте од Бога.”

48. Јудејците Му одговорија и рекоа: „Не зборуваме ли ние право, дека Ти си Самарјанец и дека имаш бес?”

49. Исус одговори: „Јас немам бес, туку Го почитувам Мојот Татко, а вие Ме срамите.

50. Јас не ја барам Мојата Слава; има Кој бара и суди.

51. Вистина, вистина ви велам, ако некој го запази Моето слово, нема да види смрт довека.”

Јован 8