Јован 8:35-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. А робот не останува дома довека; Синот останува довека.

36. И така, ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.

37. Знам дека сте Авраамово потомство; но пак барате да Ме убиете, зашто Моето слово нема место во вас.

38. Јас го зборувам тоа што сум го видел кај Татко Ми. Исто и вие правите што сте чуле од вашиот татко.”

39. Му одговорија и рекоа: „Наш татко е Авраам.” Исус им рече: „Ако бевте Авраамови чеда, ќе ги вршевте Авраамовите дела.

40. А сега сакате да Ме убиете Мене, Човекот, Кој ви ја кажа вистината, што ја чув од Бога. Авраам не направи така.

Јован 8