Јован 6:30-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Тие пак Му рекоа: „Каков знак правиш, да видиме и да Ти поверуваме? Што правиш?”

31. Нашите татковци јадеа мана во пустината, како што е напишано: „Им даде да јадат леб од небото.”

32. Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам, Мојсеј не ви даде леб од небото; а Мојот Татко ви дава вистински леб од небото.

33. Зашто Божјиот леб е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.”

Јован 6