31. Ако Јас сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво нема да биде вистинско.
32. Има Друг Кој сведочи за Мене и знам дека е вистинско сведоштвото што го дава за Мене.
33. Вие пративте при Јована, и тој посведочи за вистината;
34. но јас не примам сведоштво од човек, туку го кажувам ова, за да се спасите вие.
35. Тој беше светило, што гореше и светеше, но вие сакавте да се радувате малку време на неговата светлина.
36. Јас пак имам сведоштво поголемо од Јовановото: делата што Таткото Ми ги даде да ги завршам, токму тие дела, што ги правам, сведочат за Мене - дека Таткото Ме пратил.