Јован 4:36-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. Жетварот веќе добива плата и собира плод за вечен живот; да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.

37. Зашто во ова вистинска е пословицата: „Еден сее, а друг жние!”

38. Јас ве испратив да жниете, каде што не сте се труделе. Други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.

39. И мнозина самарјани од градот поверуваа во Него по зборовите на жената, која сведочеше: „Тој ми кажа сè што сум направила.”

40. Па кога Самарјанците дојдоа при Него, Го замолија да остане кај нив; и остана таму два дена.

41. И уште повеќе од нив поверуваа заради Неговото слово,

42. а на жената и велеа: „Сега не веруваме заради твоето кажување; зашто самите чувме и знаеме дека Тој е навистина Христос, Спасителот на светот.”

43. По два дена тргна оттаму за Галилеја.

44. Зашто Самиот Исус изјави дека пророкот нема чест во својата родина.

Јован 4