Јован 4:29-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. ”Дојдете да Го видите Човекот, Кој ми кажа сè што сум направила! Да не е Тој Христос?”

30. Тие излегоа од градот и тргнаа кон Него.

31. Во меѓувреме учениците Го молеа Исуса: „Рави, јади!”

32. Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.”

33. Тогаш учениците зборуваа помеѓу себе: „Да не му донесол некој јадење?”

34. Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој ме прати и да го завршам Неговото дело.

Јован 4