Јован 4:23-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници.

24. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.”

25. Жената Му одговори: „Знам дека ќе дојде Месија, Кој се вика Христос. Кога ќе дојде Тој, ќе ни објави сè.”

26. Исус и рече: „Јас Сум, Кој зборувам со тебе.”

27. Тогаш дојдоа Неговите ученици и се чудеа дека разговара со жена, но ниеден не рече: „Што сакаш?” или: „Зошто разговараш со неа?”

Јован 4