Јован 3:31-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Кој доаѓа одозгора, над сите е; кој е од земјата, земен е и зборува земски. Кој доаѓа од небото над сите е;

32. тој сведочи за она што видел и чул, но никој не го прима Неговото сведоштво.

33. Кој го примил Неговото сведоштво, потврдува дека Бог е вистински.

34. Зашто Оној Кого Бог Го испратил говори Божји зборови; бидејќи, Бог не дава Дух со мерка.

35. Таткото Го љуби Синот и сè предаде во Неговата рака.

36. Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.”

Јован 3