19. Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли.
20. Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела;
21. а кој ја извршува вистината оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога.
22. Потоа Исус дојде со Своите ученици во Јудеја; таму се задржа со нив и крштаваше.
23. Исто и Јован крштаваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода, и луѓето доаѓаа и се крштаваа;
24. зашто Јован уште не беше фрлен во темница.
25. Така настана препирка меѓу Јовановите ученици и еден Јудеец околу очистувањето.
26. И дојдоа при Јована и му рекоа: „Учителе, ене, Оној Кој беше со тебе на онаа страна на Јордан, за Кого ти сведочеше, Тој крштава, и сите одат при Него.”
27. Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да земе, ако не му е дадено од небото.
28. Вие сами сте мои сведоци дека реков: „Јас не сум Христос, туку сум испратен пред Него.”
29. Кој има невеста, тој е младоженец. А пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, се радува многу штом ќе го чуе гласот на младоженецот. И така, оваа моја радост се исполни.
30. Тој треба да расте, а јас да се смалувам!”
31. Кој доаѓа одозгора, над сите е; кој е од земјата, земен е и зборува земски. Кој доаѓа од небото над сите е;
32. тој сведочи за она што видел и чул, но никој не го прима Неговото сведоштво.