Јован 2:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А на третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска, и Исусовата мајка беше таму.

2. Ги повикаа на свадбата и Исуса и Неговите ученици.

3. Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.”

4. Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.”

5. Неговата мајка им рече на слугите: „Што и да ви рече, направете.”

6. Таму имаше шест камени садови, според прописот за јудејското миење, што собираа по две до три мери.

7. Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!” И ги наполнија догоре.

Јован 2