Јован 18:27-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Но Петар одрече повторно, и веднаш запеа петел.

28. Тогаш го одведоа Исуса од Кајафа во преторијата; а беше утро; и тие не влегоа во преторијата, за да не се осквернат, туку да можат да ја јадат Пасхата.

29. Затоа Пилат излезе пред нив и рече: „Какво обвинение поднесувате против Човеков?”

30. Во одговор му рекоа: „Ако Овој не беше злодеец, немаше да ти Го предадеме.”

31. А Пилат им рече: „Земете Го и судете Му според вашиот Закон.” Јудејците му рекоа: „Нам не ни е дозволено да убиеме некого,”

32. - за да се исполни Исусовиот збор, со кого навести со каква смрт ќе умре.

Јован 18