Јован 17:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Исус го изговори тоа, ги подигна очите кон небото и рече: „Татко, часот дојде! Прослави Го Својот Син, за да Те прослави Синот Тебе,

2. како што си му дал власт над секое тело, па да му даде на сè - што си Му дал - вечен живот.

3. А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил.

4. Јас Те прославив на земјата, го свршив делото, што Ми го даде да го извршам;

5. а сега, Татко, прослави Ме Ти - во Себе Самиот - со славата што ја имав при Тебе, пред создавањето на светот.”

Јован 17