Јован 16:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам.

8. А кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за грев и за правда и за суд.

9. За грев - зашто не веруваат во Мене;

10. за правда - зашто си одам при Мојот Татко, и веќе нема да Ме видите;

11. за суд - зашто е осуден кнезот на овој свет.

12. Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да носите.

Јован 16