Јован 14:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене!

2. Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место.

3. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас.

Јован 14