Јован 13:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. стана од вечерата, ја соблече горната облека, зеде крпа и се препаша.

5. Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан.

6. Така дојде до Симона Петра; а овој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?”

7. Исус одговори и Му рече: „Ти сега не знаеш што правам Јас, но после ќе разбереш.”

8. Петар Му рече: „Ти никогаш нема да ми ги измиеш нозете!” Исус му одговори: „Ако не те измијам, немаш дел со Мене.”

Јован 13