Јован 1:39-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. ”Дојдете и видете!” им одговори. И така, отидоа да видат каде живее, и останаа при Него оној ден. Тоа беше околу десеттиот час.

40. Еден од двајцата кои тргнаа по Исуса, откако ги чуја Јовановите зборови, беше Андреј, братот на Симона Петра.

41. Тој го најде првин брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи Христос (Помазаник).”

42. И го доведе при Исуса. А Исус, гледајќи го му рече: „Ти си Симон, синот Јонин; ти ќе се наречеш Кифа, што значи камен (Петар).”

Јован 1