31. Јас не Го познавав. Но затоа дојдов да крштавам во вода, за да му Го објавам на Израел.”
32. Јован сведочеше уште: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб, и застана над Него.
33. Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.”
34. И јас видов и сведочам дека Тој е Божји Син.”
35. Идниот ден, Јован стоеше пак и двајца од неговите ученици,
36. и штом Го виде Исуса да поминува, рече: „Еве Го Божјото Јагне!”
37. Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика тргнаа по Исуса.
38. Исус се заврти и, кога виде дека идат по Него, ги праша: „Што барате?” Тие Му одговорија: „Рави (што значи учител) каде живееш?”
39. ”Дојдете и видете!” им одговори. И така, отидоа да видат каде живее, и останаа при Него оној ден. Тоа беше околу десеттиот час.