Јов 38:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Господ му одговори на Јова од бура и рече:

2. Кој е тој кој со безумни зборови ја замрачува божествената промисла?

3. Препаши си го крстот како јунак Јас ќе те прашам, а ти поучи Ме.

4. Каде беше кога ја основав земјата, кажувај, ако знаеш!

5. Знаеш ли кој и ги одреди мерките и кој го оптегна измерувачкото јаже над неа?

6. На што и почиваат основите? Кој и постави крајаголен камен,

7. додека воскликнуваа утринските ѕвезди и извикуваа Божјите дворјани?

8. Кој го затвори морето со врати, кога заизвори од мајчиното крило,

9. кога го облеков со облак како со облека и кога го завиткав со густа магла како со пелени;

10. кога ја одредив неговата меѓа, ставив врати со лостови?

11. Дотаму, не подалеку, му реков нему, тука нека се крши гордоста на твоите бранови!”

Јов 38