Јов 37:4-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Зад неа еден силен глас се разнесува: Тој грми со величествен глас. Неговите молњи летаат никој не им пречи, штом се чуе Неговиот глас.

5. Да, Бог грми со величествен глас, создава несфатливи големи дела.

6. Кога ќе му рече на снегот: „Опснежи по земјата!” И на поројните дождови: „Заврнете силно!”

7. На секој човек му ги запечатува рацете, сите да го запознаат Неговото дело.

8. Тогаш сите ѕверови се вовлекуваат во скривалиште и остануваат во своите легла.

9. Бурата се крева од јужната страна, а северните ветрови донесуваат студ.

Јов 37