Јов 37:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Да, и моето срце трепери од тоа и сака да искочи од своето место.

2. Слушнете го, слушнете го, грмежот на Неговиот глас, татнежот што излегува од Неговата уста.

3. Ете, секавица лета преку целото небо - и светнува блесок од крај до крај на земјата. -

4. Зад неа еден силен глас се разнесува: Тој грми со величествен глас. Неговите молњи летаат никој не им пречи, штом се чуе Неговиот глас.

5. Да, Бог грми со величествен глас, создава несфатливи големи дела.

Јов 37