Јов 34:13-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Кој освен Него мисли за земјата? И кој ја управува вселената?

14. Кога Тој би го повлекол Своето срце кон Себе, кога би го вратил сиот Свој Дух кон Себе,

15. сите суштества би издивнале одеднаш и човекот би се претворил во прав.

16. Ако имаш разум, слушај го ова, и внимавај на моите зборови.

17. Може ли да владее оној кој ја мрази правдата? Сакаш ли да го осудиш Најправедниот?

18. Оној, Кој му вели на царот: „Никаквец!” а на кнезот му говори: „Злосторнику!”

19. Кој не е пристрасен кон кнезовите, и еднаков Му е бедниот и богатиот, зашто тие се дело на Неговите раце?

Јов 34