Јов 33:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Моето срце ќе ти зборува искрено, усните ќе изречат чиста вистина.

4. Па и мене Божјиот Дух ме создаде, здивот на Сèдржителот ме оживе:

5. ако можеш, противстави ми се ти; подготви се да ми се спротивиш!

6. Ете, како и ти, и јас сум пред Бога, како и ти, бев создаден од глина;

7. затоа јас нема да те ужасувам со страв, мојата рака нема да те притисне.

8. И така, на мои уши рече - сосем јасно ги чув твоите зборови:

Јов 33