Јов 31:18-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Па, од младоста му бев како татко, го водев од мајчиното крило!

19. Зар го гледав безкуќникот без облека или некој беден без покривка,

20. а неговите бедра да не ме благословија мене, кога се стопли со руното на моите овци?

21. Ако кренав рака против невин, знаејќи дека мојот бранител е при вратата,

22. моето рамо нека се откорне од плеќката и нека ми отпадне раката од лактот!

23. Зашто Божјите ужаси би паднале врз мене и не би можел да устојам пред Неговото величество.

Јов 31