Јов 29:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Кога Сèдржителот уште беше со мене и моите деца ме опкружуваа,

6. кога моите нозе ги миев во млеко, а мојот камен излеваше потоци масло!

7. Кога излегував над градската врата и ја поставував својата столица на раскрсницата,

8. откако ќе ме видеа, младите се криеја; старците откако ќе станеа, стоеја,

9. првенците го прекратуваа разговорот и ја ставаа раката на својата уста.

Јов 29