Јов 29:18-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Велев: „Ќе издивнам во своето гнездо, како палма, проживувајќи безбројни денови.”

19. Моите корења се простираат до водата, росата почива на моите гранки.

20. Мојата слава ќе се подмладува секогаш, и лакот ќе се обновува во мојата рака.

21. Слушаа желно што ќе им кажам, и молчеа за да чујат совет од мене.

22. Ништо не додаваа на моите зборови, и моите беседи капеа како дожд врз нив.

23. Тие копнееја по мене како по дожд, отвораа уста како за летен пороен дожд.

24. Мојата насмевка им беше охрабрување; внимаваа на ведроста на моето лице.

Јов 29