Јов 29:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јов ја продолжи својата беседа и рече:

2. „О да можам да ги проживеам минатите месеци, оние денови кога Бог бдееше над мене.

3. Кога Неговиот светилник светеше над мојата глава, а Неговата светлина ме водеше низ темнината,

4. како во годините на мојата зрелост, кога Божјата добрина беше над мојот дом.

5. Кога Сèдржителот уште беше со мене и моите деца ме опкружуваа,

Јов 29