Јов 28:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Грабливите птици не ги знаат тие патишта, соколовото око не ги забележува.

8. Дивите ѕверови не стапнаа на нив, ниту пак некогаш лавот помина по нив.

9. Но човек крева рака против каменот, и ги превртува планините од корен.

10. Засечува премини низ камен, неговото око забележува сè скапоцено.

11. Тој го запира текот на водните жили; засолнати работи изнесува на видело.

12. Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот?

Јов 28