Јов 22:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Ти ги пушташе вдовиците без ништо а сирачињата ги оставаше со празни раце.

10. Ете, зашто те обиколуваат сега стапиците, зашто те измачуваат ненадејни стравови.

11. Светлината ти стана мрак, и ништо не гледаш, длабоки води те потопија тебе.

12. Зар Бог не е во небесната висина и зар Тој не им го гледа темето на ѕвездите?

13. Но ти велиш: „Што може Бог да знае? Зар може да суди низ темен облак?

14. Облаците го засолнуваат неговиот поглед, и Тој оди по сводот на небесниот круг.”

15. Имаш ли намера да се држиш до стариот пат, по кој одеа неправедните луѓе?

Јов 22