Јов 22:16-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Тие исчезнаа пред време, пороите им ги однесоа основите.

17. Му зборуваа на Бога: „Остави нè нас! што може Сèдржителот да ни стори?”

18. А Тој им го полнеше домот со блага, но советот на нечесните да биде далеку од мене.

19. Праведниците гледаат и се радуваат непорочните им се потсмевнуваат:

20. „Ете, пропаднаа нашите противници, она што остана од нив, огнот им го проголта!”

21. Спријатели се ти и смири се со Бога, и пак ќе ти биде вратено доброто.

22. Впрочем, прифати го законот од Неговата уста, посади го Неговото слово во своето срце.

Јов 22