Јов 20:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. дека е кратковремена радоста на нечесниот, дека среќата на безбожникот поминува како миг?

6. Макар со растот да порасте и до небото, а неговата глава да допре до облаците,

7. тој исчезнува засекогаш како призрак. Кои го видоа велат: „Каде е сега тој?”

8. Тој се расплинува како сон без трага, исчезнува како ноќен привид.

9. Ниедно око нема веќе да го гледа, ниту неговото место ќе го види.

10. Бедните ќе ги гонат неговите деца: со своите раце ќе си го вратат имотот.

Јов 20