Јов 15:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Крик на ужасот постојано му се во ушите, додека мирува, врз него напаѓа истребител.

22. Не се надева дека ќе им избега на темнините и знае добро дека му е наменет на мечот.

23. Тој скита наоколу за леб, велејќи, каде е? тој знае дека му наближува денот на темнината.

24. Немир и неволја го заплашуваат, се нафрлаат врз него, како цар приготвен за бој.

25. Тој подигаше рака против Бога, се осмелуваше да Му се противи на Сèсилниот!

Јов 15