21. крени ја од мене Твојата тешка рака и не плаши ме со својот ужас.
22. Тогаш прашај ме, а јас ќе одговорам; или јас да прашам, Ти да одговараш.
23. Колку престапи и гревови направив? Покажи ми ги мојот прекршок и вината.
24. Зошто го криеш сега Своето лице од мене и зошто гледаш непријател во мене?
25. Зошто го изморуваш со страв листот гонет од ветер и зошто се нафрлаш врз суво сламче?
26. О, Ти, Кој ми пишуваш горчливи пресуди и ме теретиш со гревовите на младоста,
27. Кој ми ги стави нозете во клада, и Кој бдееше над секој мој чекор и ги испитуваш трагите на моите стапки!
28. Животот ми се распаѓа како гнило дрво, како облека што молците ја изедуваат.”