Јов 11:8-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Повисоко е од небото: уште што да сториш? Подлабоко е од Шеолот: уште што да мудруваш?

9. Подолго е од земјата - пошироко е од морето!

10. Ако се повлече, ако те гребне, ако те предаде на суд, кој ќе Му брани?

11. Зашто Тој ја знае суетата на луѓето, ја гледа нечесноста и нема ли да внимава?

12. Но горделивиот човек е лишен од разум, и човекот се раѓа како диво осле.

13. Ако ти го исправиш своето срце и ги испружиш своите раце кон Него,

Јов 11