Јов 10:7-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. кога знаеш добро дека сум невин, дека не можам да и избегам на Твојата рака?

8. Твоите раце ме обликуваа, ме создадоа совршено, зошто сега пак да ме сосипеш?

9. Спомни си, ме создаде како глина и ќе ме вратиш повторно во прав.

10. Не ме излеа ли мене како млеко, и направи да се потсирам како сирење?

11. Ме облече со кожа и месо, ме сплете со коски и жили.

12. Со милост ми го подари животот, внимателно бдееше над мојот здив.

13. Но во Своето срце го скри ова, знам дека тоа беше Твој наум:

Јов 10