Јона 4:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На Јона му беше многу криво, и се налути.

2. И Му се помоли на Господа и рече: „О, Господи, не го зборував ли тоа уште додека бев во својата земја? Затоа сакав да избегам во Тарсис; зашто знаев дека Ти си милостив и добар Бог, спор на гнев и богат со милосрдие, и дека се сожалуваш над несреќата.

3. Сега, Ти се молам Господи, земи го мојот живот од мене, зашто ми е подобро да умрам отколку да живеам.”

Јона 4