Јона 1:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Потоа си рекоа едни на други: „Ајде да фрлиме жрепки, за да видиме заради кого ни дојде ова зло.” Фрлија жрепка, и жрепката падна на Јона.

8. Тогаш тие му рекоа: „Кажи ни: заради кого ни дојде ова зло, со каква работа се занимаваш? Откаде доаѓаш, од која земја си и од кој народ?”

9. Тој им одговори: „Јас сум Евреин и се бојам од Господа, небесниот Бог, Кој ги направи морето и копното.”

10. Мажите се исплашија многу и му рекоа: „Што е тоа што го направи!” Зашто беа узнале дека тој бега од Господовото присуство, и самиот им го раскажа тоа.

11. Тие го прашаа: „Што да направиме со тебе за да ни се смири морето?” Зашто морето стануваше сè побурно.

12. Тој им одговори: „Земете ме и фрлете ме во морето, па ќе ви се смири морето, зашто знам дека заради мене се крена на вас ова голема бура.”

Јона 1