Јоил 2:17-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Меѓу тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, Господовите слуги. Нека молат: „Смили му се Господи, на Својот народ! Не му го предавај Своето наследство на срамот, на потсмев на народите. Зошто да се рече меѓу народите: ‘Каде им е нивниот Бог?’”

18. Тогаш Господ, ќе ревнува за Својата земја, и ќе го помилува Својот народ.

19. Господ ќе му одговори на Својот народ: „Еве ви испраќам жито, вино и масло, за да се наситите со нив. Никогаш веќе не ќе дозволам да им бидете срам на народите.

Јоил 2