Јаков 3:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Тоа не е мудрост, која слегува одозгора, туку е земна, душевна, демонска;

16. зашто каде се зависта и карањато, таму е неред и секакво лошо нешто.

17. А мудроста која доаѓа одозгора, пред сè: е чиста, потоа мирољубива, блага, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна.

18. А плодот на правдата се сее во мир, за оние кои создаваат мир.

Јаков 3